Средношколците кои по година и половина се вратија во училиште ги преполнија автобусите во услови на пандемија кои денеска возеа комбиниран возен ред, наместо по редовен.

Експертите велат дека ваквиот јавен превоз е како темпирана бомба. Од здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“ појаснуваат дека е потребно да се користат т.н. двојни линии. Два автобуси од еден ист број да возат еден зад друг за да не се прават гужви.

-Тоа е добро во другите градови кои се соочуваат со пандемијата во јавниот превоз кадешто се пуштаат многу поголем број на возни единици за да може се апсорбира патникот, а притоа да не се создаде голема гужва. Јавниот превоз е многу поопасен од ова што го слушаме за кафулињата, рестораните, свадбите и журките. Тоа вам може случува на секои пет минути во 200 автобуси денеска, вели Ленин Јовановски од „Слободен превоз“.

Градоначалникот Шилегов најави дека промена ќе има од понеделник.

Ќе ги оптимизираме линиите и од понеделник, според она што јас го имам како сознание, целокупниот систем на јавен превоз ќе влезе во редовен режим на работа со цел да избегенеме створање гужви коишто секогаш се реалност во јавниот превоз, вели Шилегов.

Од ЈСП појаснуваат дека со враќањето на возниот ред иако бројот на автобуси ќе се зголеми кај сите линии, тоа најмногу ќе се почувствува кај приградските линии.

Дополнителен проблем во јавниот превоз се несовесните граѓани кои не носат маски. Возачите немаат ингеренции да казнуваат или да исфрлат луѓе кои без маски, единствено што можат да направат е да ги предупредат.

И лани скопјани често се жалеа на гужви во јавниот превоз. Тогаш надлежните велеа дека немало голема побарувачка и во најголем дел од денот автобусите возеле празни, па поради тоа немало потреба да се зголемува бројот на возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.