Од ЈСП информираат дека утре, петок, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.

За време на продолжениот викенд дежурни ќе бидат три билетарници.

Од седум до 19.30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, додека билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од седум до 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.