Димитар Атансовски, ко-сопственик и маркетинг директор во агенција ИДЕА ЛАБ отворено реагира на начинот на кој е испратен демантот од ЈП „Лајка“ до Стефан Кирков.

Кирков, член на ВМРО-ДМПНЕ, објави дека Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка функционира за исцрпување на народни пари и дека постои судир на интереси, овозможен од в.д директорката Тина Петрушевска.

ЈП ги демантираше обвинувањата од Кирков, но во демантот, освен текст имаше и фотографија од Кирков од неговиот личен профил, која не соодветствува со текстот на демантот.

Отварам мејл… ми стига некаков си демант за некоја изјава… демантот е испратен од јавно претпријатие, повторувам јавно претпријатие со ваква слика во прилог…

Добро бре, кој пр со кој памет испратил ваква слика????

Нема еден нормален што остана во државава, пишува на Фејсбук Атанасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.