Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, го посети новоотворениот Женски центар за поддршка – Скопје на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Во овој Центар жените жртви на насилство ќе имаат можност за разговор со психолог, социјален работничк, правен советник и кариерен советник.

 

Со извршната директорка Елена Димушевска разговараме за важноста на изнаоѓање системски решенија што ќе понудат целосната заштита и интегрирање во општеството на овие жени, а Град Скопје ќе посвети грижа за одржливост на решенијата за грижа и поддршка согласно зацртаната програма – информира Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.