Во интервју за „Опсервер.мк“, кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на прашањето зошто мислите дека ќе бидете добар градоначалник за Скопје?, вели:

Она што му се случува на Скопје во последните години не само што не го прави модерно, туку и го уништува. При проценката на политичките околности, се фокусирам првенствено на фактите, а фактите говорат дека Скопје стагнира и назадува. Верувам дека можеме заедно со скопјани да го направиме нашето Скопје убаво место за живеење, Скопје на кое ќе се радуваме и ќе се гордееме.  На градот му недостига квалитетен менаџмент, му недостига компетентно проактивно лидерство. Јас сум граѓанин на Скопје, тука сум цел мој живот, но не можам да пасивно да гледам што се случува, кога знам дека работите можам да ги променам на подобро. Она што лично ми пречи, а и на многу скопјани е нечистотијата во градот, загадувањето посебно во зимскиот период. Инфраструктурата е речиси нефункционална, а проблемот со јавниот превоз сè уште не е решен. Скопје не оддава впечаток дека е модерна метропола.  На скопјани им е доста од несериозно раководење, од дефокусирање со квази проекти за градот. Тоа време заврши. Верувам во себе и можам да го придвижам Скопје кон посветла иднина. Успехот на Скопје ќе биде и чекор кон функционална и просперитетна држава.

Целото интервју овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.