Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на телевизија Телма, на прашањето за проектот за Унивезална страна, градоначалничката потенцираше дека проектот не е застанат иако некој така сака да го профилира во јавноста. Напротив проектот продолжува само се изнаоѓа начин тоа да биде со безбедно решение кое е во интерес на граѓаните за кое очигледно претходно не се водело грижа.

За забавената динамика не сум виновна јас, туку претходното раководство кое знаело за грешките кои биле направени. Јас ја поканив на состанок министерката за култура за да ги соочиме фактите и аргументите. Таа не се одзваа на поканата и реши да излезе пред Универзална сала и ме нападна ширејќи невистини. Јас морав да се бранам затоа што јавноста ги заслужува сите факти а не само делумни податоци. Уште еднаш потенцирам дека Универзална сала продолжува да се гради, додаде Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.