Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, одржа прес-конференција, на која кажа дека има водство од 5.300 гласа пред Петре Шилегов.

Се заблагодари на сите за гласовите и ги повика оние кои не се задоволни од сегашното раководство на Скопје, да гласаат за неа во вториот круг.

Скопје го огреа сонце денеска, скопјани донесоа победа во Скопје за водство во првиот круг. Скопјани покажаа дека е време за промени. Благодарам на сите кои го дадоа својот глас за мене, и за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и сите останати партии, но најмногу благодарност до граѓаните. Овој резултат покажува дека е време за нови проекти, дека им е доста од политичари кои ветуваат, а ништо не остваруваат. Им честитам на сите останати 10 кандидати. Позитивно сум изненадена од граѓанските иницијативи кои станаа дел од Советот. Настапот и програмите на овие кандиати внесоа свежина и енергија. Нивните програми и приоритети ќе бидат дел од мојата работа во следните четири години во Скопје – рече Арсовска.

Таа најави дека Скопје ќе биде подобро место за живеење.

Ќе го направиме Скопје подобро место за живеење. Ве повикувам, сите вас кои не сте задоволни од сегашните градски власти, да се здружиме и да ги поразиме. Скопје се покажа дека не смее да биде пресметка на политика. Мора да биде град кој ќе се развива онака како што ние го сакаме. Видовме што може да направи сегашниот градоначалник. Потроши четири години, а не реализира 5% од она што го вети. Видовме нереални видеа, анимации. Се покажа дека ниту црната кампања не поминува кај Скопје. Заедно се изборивме против лагите и манипулациите. Сега е време за промени, позитивни промени – рече Арсовска на прес-конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.