„Булеварот „Словенија“ да сте го завршиле, а ви беше во програмата од 2017-тата година , а сега повторно го ставате. Сите овие работи што ги набројувате треба да знаете, исто така кога говорите нешто дека реализиран проект значи дека треба да го отпочнете и да го завршите, а вие од вашата програма немате реализирани проекти и тоа 95% од она кое што сте го ветиле од 2017-тата година. За жал до денес скоро ништо не е реализирано“, истакна Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје во гостување во емисија на телевизија Телма обраќајќи се на Петре Шилегов.

Арсовска додаде дека Шилегов сè што вети во 2017-тата година ништо не оствари. Проектите кои ги имаше во програмата останаа само на лист хартија, не се пресликаа во реалноста.

„ЌЕ градоначалници и ЌЕ проекти на скопјани повеќе не им се потребни“, нагласи Арсовска на Шилегов.
Арсовска посочи дека Шилегов е тој што ветуваше на граѓаните, а ништо не оствари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.