Денеска, независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска се сретна со претставници на Здружение на приватни превозници и разговараше за прашања од нивни интерес.

На средбата се разговараше за актуелни прашања од нивната дејност, како превозниците функционираат и посебно сега во услови на здравствено-економската криза.

Директорот на Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз“, Ленин Јовановски ги пренесе искуствата и предизвиците за работата во услови на кризата. Тој посочи и дека се соочуваат со голем проблем, затоа што имаат мал обем на работа и ги прави неисплатливи, трошоците се големи, заработката е многу мала.

Здружението се пожали пред Арсовска и за нерамномерната распределба на линиите, односно како ЈСП нема доволни автобуси за да ги покрие сите линии, а истите не ги дава на приватните, како и за лошата соработка со институциите, не постоење на дијалог кој е клучен за решавање на проблемите.

Со редовни работни средби на кои отворено ќе разговараме за сите проблеми со кои се соочувате, ќе направиме систем за работа со зачестени линии, секое населено место да има превоз, да има повеќе автобуси за да се растерети гужвата со која се соочуваат граѓаните секојдневно, изјави Арсовска.

Како заклучок на средбата е дека треба да се интензивира соработката со градската власт со формирање работни групи што ќе ги земат предвид ставовите на сите засегнати страни и ќе се изнајдат ефикасни и брзи решенија во насока на решавање на проблемите на приватните превозници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.