Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се сретна со амбасадорот на Република Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

Како што соопштија од Град Скопје, амбасадорот Силвестри го честитал изборот на Арсовска за градоначалничка, а таа го запознала со нејзината програма на која ќе биде посветена во наредните четири години, а која е во насока на забрзан развој на градот во сите сегменти и постигнување на визијата за модерно Скопје.

Двајцата соговорници изразија желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Република Италија, преку размена на позитивни искуства и практики во различни сфери на општественото живеење – се вели во соопштението од Градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.