Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска денеска продолжи со теренските активности од врата на врата како дел од нејзината изборна кампања за градоначалник на градот и посети голем број на домови во општина Ѓорче Петров. На овие неформални средби со граѓаните, Арсовска покрај тоа што ги презентира нејзините брзи и ефикасни решенија за модерно Скопје, ги слуша и потребите и проблемите на граѓаните од оваа општина кои не бараат многу, туку услови за пристоен живот за сите, онака како што заслужува секој еден граѓанин.

Општина Ѓорче Петров како и многу други општини во главниот град се соочува со истите проблеми, немање квалитетна инфраструктура, сообраќаен хаос, бараат нов кружен тек и се жалат на немање доволно зелени површини. Арсовска вели дека е потребно да се вложува во сите делови од градот подеднакво, со цел рамномерно унапредување на квалитетот на животот на скопјани.

Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје. Доаѓа време на брзи и ефикасни решенија. И заедно со скопјани, знам дека ќе направиме многу затоа што е време за вистински промени, вели Арсовска по средбата со граѓани во Ѓорче Петров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.