Со посета на Општина Кисела Вода, кандидатката за градоначалник Данела Арсовска денеска го продолжи циклусот на посети на сите скопски општини. Во рамките на средбата во оваа општина, Арсовска оствари директен контакт со жителите на Кисела Вода и со претставници од повеќе граѓански организации, на кои што дискутираа за општинските актуелни проблеми и недостатоци, како и за потенцијалите на нејзините населби.

Жителите на сите скопски општини мора да бидат активно вклучени во креирањето концепти за подобрување на функционирањето на сите нивоа на главниот град. Токму тие се оние кои што најдобро знаат што точно ѝ е потребно на општината за да стане подобро место за живеење за нив. Бетон наместо зеленило, ископани улици наместо сообраќаен ред, уништени паркови наместо детски игралишта, канализациони и водоводни системи без капацитет се само дел од негодувањата што ги слушнав од населението. Затоа сметам дека ваквите средби се одлична можност за да се ислушаат општинските проблеми и да се донесат заклучоци за тоа како може да се решат“ – изјави Арсовска за време на посетата.

 

Данела Арсовска им вети на жителите дека во рамките на нејзините можности и овластувања, ќе работи напорно за да може да ѝ  овозможи на општината да добие лик на модерно и современо место, атрактивно за живот и работа.

 

Кога на една урбана скопска заедница каква што е Кисела Вода и недостасуваат елементарни работи, својствени за општина лоцирана во главен град, тогаш знаете дека на системот му е потребна промена од корен. Јас сакам, имам желба и поседувам способности за да бидам предводник на тие промени“ истакна Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.