Воркохолик, срдечен, нормален човек. Вака новинарот Александар Митовски ја опишува новата скопска градоначалничка Данела Арсовска по првата средба со неа. Во разговорот направен по официјалното работно време, додека по навика пешки си оди дома, Арсовска открива дел од плановите за Град Скопје и скопјани. Меѓудругото, и за што ќе направи со договорите потпишани од претходниот градоначалник Петре Шилегов со три кафани, вредни 30 илјади евра.

Оној друг куп хартии, на другата страна на масата, е документација која ја чешламе. Таму се сите јавни набавки на претходната администрација. Нема ништо да тврдам засега, но, ќе ти кажам само дека Петре Шилегов на тендер доделил 30.000 евра за кафани. И тоа, не за една туку за три кафани. Тоа ви кажува на што се трошеле парите претходно. Непродуктивни трошења за лични хирови. Кажи ми, чини ли онаа веб-страница на градот Скопје 65.000 евра? За сè ова ќе има ревизија.Нема да ги раскинам договорите, но тие пари и тие кафани отсега ќе работат за граѓаните. Од почетокот на идната година, овие пари ќе се трошат за граѓаните – планираме за тие 30.000 евра трите кафеани секоја недела барем три пати во неделата да подготвуваат оброци за нашите најсиромашни граѓани. Наскоро ќе го најавиме тој проект, и ќе ги повикаме и оние кои се заинтересирани да се вклучат во оваа акција, вели Арсовска.

Целиот текст на „Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.