Денеска во средното училиште на Град Скопје Димитар Влахов, учениците на Отворениот ден на училиштето ги презентираа своите изработки и стекнати вештини, со што и го промовираа уписот за претстојната учебна година 2022/23 година, информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Во ова средно училиште има три струки, лични услуги, хемиско технолошка и графичка струка, кои се застапени со повеќе различни профили односно занимања, а младите покажаа дека работејќи со посветеност и креативност може да се постигнат одлични резултати.

Со воведувањето на дуалното образование во образовниот процес во средните училишта, на средношколците им се овозможува да се стекнат и со практични знаења и да бидат вклучени во производствениот процес. Изработките на учениците презентирани денес се доказ дека токму ваквиот тип на образование ќе допринесе за да стекнат вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и целосно подготвени да се вклучат во работниот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.