Кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Чаир и Гостивар, се дружеа во Старата скопска чаршија и разговараа, како што велат, за идната соработка меѓу нив.

Скопје се менува, време е тоа да го направи и Чаир, порача кандидатот за градоначалник од АА, Беким Сали.

Денес во Скопската чаршија ја пречекав независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје – најверојатно идна претседателка на Скопје, Данела Арсовска, како и мојот пријател од Алијанса за Албанците, досегашниот и идниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Низ ручекот со традиционалните чаршиски ќебапи, имавме можност и да поразговараме за идната наша соработка.
Посебно разговаравме за можностите кои ги нуди Градот Скопје за скопските општини и за граѓаните од овие општини. Деновиве ќе имаме уште подобри и поконкретно вести. Скопје се менува. Време е тоа да го направи и Чаир, вели Сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.