Вчера на потпишувањето на грантот од ЕИБ, за изградба на пречистителната станица во Скопје, паднаа маските и сите лаги, кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје.

Знаеме дека Арсовска црвенеејќи присувствувала на вчерашниот настан, за проект кој прво се обиде да го урне, од само за нејзе познати цели, а во исто време да слуша во живо како ја демантираат директно од ЕИБ и со лажна насмевка истото да го проследи. Но, на лагата и се кратки нозете.

Доблесно е во најмала рака, Арсовска и СДС, да најдат сили и да се извинат пред јавноста за лагите и манипулациите со кои се служеа.

Арсовска позната по синтагмата „Лажи, лажи Дано”, треба во најмала рака да се извии заедно со СДС за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и директорот Перински, порачуваат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.