Кандидатката за градоначланичка на Скопје, Данела Арсовска, ги повика граѓаните активно да се вклучат во тоа како треба да изгледа иднината на главниот град.

Арсовска побара од скопјани да го даваат своето мислење за проектите што таа ги предлага со што ќе може директно да бидат вклучени во напорите за Скопје да биде подобро место за живеење.

Остануваат уште неполни 10 дена до крај на кампањата за вториот круг. Затоа од денеска ќе барам и ваше мислење за моите предложени проекти. Време е да зборуваме за тоа како заеднички да го направиме Скопје подобро место за живеење – порача Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.