Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард.

Градоначалничката Арсовска во 3 дневната посета на САД оствари средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутираше за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат. Мишел Ву која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво, е исто како и Арсовска во Скопје, прва избрана жена градоначалник на Бостон.

Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења. При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалници, каде се градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, се разменуваат идеи, учат едни од други и си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.