Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека сите проекти кои претходно биле отпочнати, а се за доброто на Скопје и скопјани ќе бидат целосно имплементирани. Како еден од тие проекти го посочи дневниот автобуски билет, истакнувајќи дека се небулозни критиките од страна на СДСМ кога претходното градско раководство и нивниот директор го креирале овој проект.

Дневниот автобуски билет токму претходното раководство коешто е дел од СДСМ го има креирано, има донесено решение и има платено огромна сума на средства да се испечатат овие билети и да се креира практично токму ова што сега тие го критикуваат. СДСМ практично го критикуваат сопствениот проект. Јас и претходно кажав, сето она што било направено а е за доброто на скопјани нема да се стопира. Ќе продолжат сите оние проекти коишто се за добробит на скопјани. Тие се обидуваат преку лаги да прикажат туѓ неуспех, истакна градоначалничката Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.