Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се обрати на основањето на Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) во рамки на самитот што денеска и утре се одржува во Истанбул, Турција. На самитот учествуваат 24 градоначалници од 11 држави, кои денеска разговараа за неколку клучни прашања што ги засегаат градовите од Балканот – како дигитална трансформација, урбана демократија и економска соработка. Станува збор за основање на Б40 Мрежата на градови од Балканот која ќе го отвори патот за соработка меѓу градовите и размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми.

Имаме вистинска можност да се обединиме околу една важна иницијатива, иницијатива на 40 градови која го обедини целиот Балкан. Денеска, во Истанбул, ја имаме можноста да разговараме за тоа колку нашите градови се различни, но има и нешта што не поврзуваат како посветеноста на зелената транзиција, дигиталната трансформација, инклузивни градови во кои сите ние сакаме да им овозможиме активно учество на нашите граѓани во градењето на политиките. Но, пред се, економската соработка меѓу нашите градови е она што треба да не обедини, да им овозможиме на нашите граѓани да живеат во поубав град. Тоа треба да биде таргетот на нашата идна соработка – рече денеска градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека станува збор за важна иницијатива која за првпат ги обединува балканските градови на една уникатна платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.