Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на собир пред граѓаните истакна дека промените во Центар се извесни, а општина Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола.

По првиот круг сонце го огреа Скопје, сонце на промените кои се извесни во градот, промени на модерното Скопје – порача Арсовска на митингот вечерва во Центар.

Арсовска упати голема поддршка за кандидатката за градоначланичка на Центар, професорката Наташа Котлар, за која истакна дека е човек кој ќе се бори против урбаната мафија и за почиста општина за сите граѓани на општината и им заблагодари на центарци за досегашната поддршка за поубав град.

Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години. Разликата од 8000 гласови во првиот круг е јасна и е предвесник на промените кои доаѓаат. За десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници кои ќе бидат ветерот на промените – порача Арсовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.