Град Скопје во време кога државата се соочува со корона пандемија и со сериозна економска криза одлучи да троши пари за цвеќиња и тоа, 400 илјади евра. На официјалната страна на Бирото за јавни набавки објавен е оглас од страна на град Скопје во вредност од 400 илјади евра, односно 21.186.440 денари без ДДВ за набавка на садници, објави Курир.

Шилегов не само што е познат по неговото неработење, исто така е познат по огромни скандали и трошење на народните пари за се само не за она што има е потребно на скопјани

Така Шилегов го тресеа скандали за склучен договори со фирма за чистење снег кога воопшто лани немаше заврнато снег. Имено, 64.900.000,00 денари е договорот кој Шилегов го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 ноември до 15т март за 2019 и 2020, покажуваат документите.

Шилегов беше критикуван за непотребно и ненаменско трошење на народни пари во 2019 година за ангажирање на пејачот Дино Мерлин за новогодишната прослава во износ од 100.000 евра и 300.000 евра за новогодишното китење на градот.

Она што е интересно е дека Шилегов и покрај сите критики и оваа година реши да троши 200.000 евра за осветлување на градот.

Инаку, во документацијата која е објавена стои дека сумата од 200.000 евра е без ДДВ, како и дека новогодишното украсување на градот треба да биде на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти.

Ова и уште многу други случаи покажуваат дека Шилегов воопшто не се грижи за народните пари ниту пак ги троши наменски за да се подобри животот на граѓаните во град Скопје а тоа е она што го ветуваше пред да стане градоначалник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.