Мајка од Ѓорче Петров на социјалните мрежи апелира за помош и информации за нејзиниот син. Дваесет и шестгодишниот скопјанец во понеделникот околу 20 часот излегол од дома, по што е недостапен на неговите мобилни телефони и му се губи секаков траг.

Пријатели на семејството, исто така, бараат помош од хакер, кој би ја пробил шифрата на неговиот „Фејсбук“ профил. Тој наводно се допишувал со девојка од Тетово.

Момчето требало да ги пречека родтелите кои доаѓале од странство по долго време, но до утрово нема никаков траг од него.

Во потрагата по момчето се вклучи и скопската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.