Негрижата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов кон сите, но најмногу кон вработените во Градот Скопје и градските претпријатија, има свој ефект и по неговото заминување од функцијата, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Како што истакнува Андоновски, поранешниот градоначалник на Скопје си заминал од функцијата, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија.

Петре Шилегов не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија. Стотици вработени останаа со задоцнети месечни примања затоа што на Петре Шилегов му било тешко да ги исплати платите.

 

Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Освен што овие претпријатија се направени загубари во последните 4 години, сега и вработените не можат да ја земат својата плата заради неодговорниот однос на претходниот градоначалник.

 

Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, времето го потроши за да потпишува договори од 240 илјади евра за да го осветлува Скопје со сијалички во време на енергетска криза.

 

Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, го потроши времето да додели награди на Венко Филипче и на Денко Малески. На првиот, затоа што најкатастрофално се справува со корона пандемијата, а, на вториот затоа што смета дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

 

Вработените треба да бидат спокојни.

 

Новото раководство на градот Скопје, во најкраток можен рок ќе го разреши оставениот проблем од претходниците. Вработените во претпријатијата ќе можат да сметаат на целосна исплата на нивните плати и надоместоци – порачува Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.