Ана Петровска, која беше независен кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, во претпладневното гостување на телевизијата 24, ги повика скопјани во вториот круг од локалните избори в недела да не го дадат својот глас за актуелниот градоначалник Петре Шилегов.
Таа демантира дека тие ќе го поддржат Шилегов.

– Ние јасно кажавме дека не поддржуваме ниту еден од кандидатите и ќе не‘ интересираат само нашите советници, вели Петровска.

На констатацијата на водителот дека аналитичарите гласовите кои ги оствои Петровска на 17-ти октомври ги префрлаат во полза на Шилегов, таа рече дека таквите инсинуации биле отфрлени и претходно.

Појаснувајќи дека движењето сака да ја зачува својата автентичност, Петровска додаде дека во Советот на Град Скопје дејствува преку своите двајца советници.

На 17-ти октомври Петровска 4,33 отсто или 9.954 гласови, што според посакувањата во СДСМ би требало да ја надомести разликата во предноста пред Петре Шилегов со којашто во вториот круг влегува Данела Арсовска поддржана од опозициската колаиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно неколку кандидати кои не успеаја да влезат во вториот круг излегоа со своите пораки до избирачите. Петар Георгиевски-Камиказа од Левица отворено им порача на оние кои го дале гласот за него да не го гласаа Шилегов, а Бени Шакири кој настапи како кандидат на коалицијата ДОМ/ЛДП, која инаку е дел од владиното мнозинство предводено од СДСМ, рече дека останува на ставот дека „знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов“.

Јас сум возрасен човек со изграден став врз основа на неговото четиригодишно работење и како тоа би го сменил за еден ден, рече Шакири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.