Денеска се одржа  онлајн средба на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Ана Петровска, со претставници на германските Зелени.

Заедно со носителката на советничката листа на Зелен хуман град, Драгана Велковска, остваривме онлајн средба со градоначалникот на вториот дистрикт во градот Диселдорф, Патрик Шифер, советникот и почесен конзул на Македонија во Северна Рајна Вестфалија, Холгер Арнт и претседателот на Советот на емигрантски организации, Гоце Перовски, сите од германските Зелени.
Разговарвме за заедничките заложби и зелени вредности кои ги негуваме и преку кои пробуваме да го подобриме живеењето на граѓаните во нашите градови.
Тие ни ги пренесоа своите искуства за зазеленување на Диселдорф, за напорите кои ги прават тој да има повеќе вело и пешачки патеки и за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики, исто така како што и ние имаме намера да направиме во градот Скопје.
Имаме многу што да научиме од германските градови за водење успешни зелени политики.
Пријателските совети се секогаш добредојдени, им благодариме на големата поддршка.
Заедно преку успешни примери од европските метрополи ќе го направиме Скопје зелен и хуман град, информираат од тимот на Петровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.