Трите женски лавчиња во Зоолошката градина во Скопје ќе ги добијат имињата Луна, Ана и Хана.

Овие имиња ги избраа граѓаните, кои имаа можност да ги дадат своите предлози во Зоолошката, но и на нејзината официјалната Фејсбук страница.

Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. 

 

Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана.

 

Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години – објавија од Зоолошката градина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.