Поминаа неколку дена откако Истражувачка репортерската лабораторија го осуди скандалот со објектот „Титаник“ во Општина Чаир, изграден без дозвола од лица блиски до Владата, поточно до Демократската унија за интеграција. Овој случај беше кулминација на бројните скандали со узурпација на јавниот простор и дивоградби и во најнаселената општина во Европа. Во меѓувреме, Јавното обвинителство не презеде ништо и стана целосно слепа пред објектот кој што дури и на жителите на Чаир им го попречува сонцето, се вели во денешното соопштение на Алијанса за Албанците.

Денес го доставивме видеоматеријалот до обвинителството, иако тоа требаше да реагира по објавувањето на скандалот. Но, ова обвинителство, како и многу други институции, се чини дека нема време да се справи со владините скандали, бидејќи е зафатена со гонење само на политички немоќни граѓани и оние кои не се на линија со власта. Како и да е, ние го предадовме материјалот за да им го одземаме и последниот аргумент дека не биле свесни за тоа што се случува пред нивните очи, и нема да се откажеме од борбата за правда и покрај големото разочарување од овие институции, соопшти АА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.