На денешниот состанок на Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје беше донесена одлука од присутните членови да се исфрли името на Али паша Јанински од предлог-листата за имиња на улиците во Скопје, објави Град Скопје.

Одлуката на оваа комисија доаѓа по реакцијата на Влашката заедница во Македонија во врска со името на Али паша Јанински, а со цел никој во градот да не се чувствува засегнат или навреден од именувањето на улица или инфраструктурен објект.

Власите од Македонија реагираа на предлогот Али Паша Јанински да добие улица во Скопје.

Освен што бил познат џелат, тој немал никаква друга историска заслуга за да се најде на оваа листа. Разбојник и одметник од Големата порта, палел, убивал и пљачкал од убавите и богати влашки села. Затоа реагираме веднаш да биде тргнат од оваа листа,  истакнуваат оттаму.

Али Паша Јанински бил деспот од Јанина, одметник и разбојник кој направи геноцит на влашката популација. Паша е одговорен за уништување на Москополе и Грамос ( двата наголеми влашки центри со развиена култура академија високи школи и трговија со која можеме да се гордееме) што и било причина за масовното иселување на Власите низ цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.