Со 9 215 гласа Александар Стојковски е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров – соопшти претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски на вечерашната прес-конференција.

Според последните податоци објавени на сајтот на ДИК, обработени се 93,96 отсто од вкупниот број избирачи, според кој Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 9.215 или 50,28 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Наумовски освои речиси 3.000 гласа помалку, или 6.165, односно 33,64 отсто. Трет е кандидатот на Левицата, Александар Димитријевиќ со 1.642 или 8,96 отсто од гласовите.

👏Ова е моето Ѓорче, ова се моите ѓорчепетровци, ова е поддршката поради која се борев за победата, која ја имаме!
📌Ви ветив дека без, но и со функција, ќе бидам со вас, затоа што сакам вие да ми ги кажувате проблемите и решенијата, кои јас ќе треба ги размислам и реализирам бидејќи, тоа е мојата работа!
💁Ова е мојот народ, ова се моите сограѓани! Нема поубаво нешто кога сите се радуваме за промени на подобро, модерно и хумано Ѓорче, општина без проблеми! – напиша новиот градоначалник на Ѓорче Петров,Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.