Во дворот на основното училиште Григор Прличев во населбата Железара, почна акцијата за засадување на 130 декоративни дрвја, која ќе се реализира на повеќе локации во општина Гази Баба.

Како што информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, садниците се донација на компанијата Макстил, која, како што истакна Стефковски, уште еднаш ја докажа својата општествена одговорност.

Овие активности се во насока на реализација на проектот „Зелена Општина Гази Баба“.

 

За мене како градоначалник, унапредувањето и заштитата на животната средина се врвен приоритет. Наша заедничка цел е за четири години од денес, да имаме засадено 500.000 садници.

 

Ги повикувам сите останати компании на територија на општина Гази Баба да бидат општествено одговорни и да се приклучат на акцијата.

 

Заедно да ја направиме зелена нашата Гази Баба! – порачува Стефковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.