Температурите едвај да паднаа под нулата, но концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот убедливо ги урива рекордите и оваа зима. Мерните страници во главниот град покажаа еднормна загаденост речиси во сите општини, а рекордер беше Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 500 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен околу 22 часот.

Како што може да се види на измеретните вредности на апликацијата Мој воздух, ниту Гази Баба и Ректорат не беа многу далеку, па и таму синоќа загадувањето беше алармантрно со 198 и 167 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.