На маршот за поддршка на жртвите на Јавна соба, што се одржа вчера во Скопје, се обрати Марта Гусар, адвокатка која што застапува жртви на семејно и родово базирано насилство, а и самата е жртва на „Јавна соба“ и активистката Драгана Дрндаревска.

Со оглед што во мојот случај за два часа се најдоа сторителите, се најде кој го споделил мојот телефонски број, апелирам до сите институции да имаат еднаков третман и кон жртвите кои се лаици, кон неука странка која што не знае како да се заштити себеси. Да постапуваат на ист начин  и со еднаков третман. Клучно е да се знае дека „Јавна соба“ навистина не е забава. „Јавна соба“ е класично кривично дело кое навистина мора да се третира како такво.

Таа апелираше до сите жртви, до сите девојки кои знаат или ќе дознаат дека се таму, се сексуално вознемирувани со телефонски повици, барање за „дискретна средба“ или слични ситуации, да меморираат телефонски броеви, да направат скриншотови од разговорот и веднаш да пријавуваат во полиција.

Тоа се први чекори кои треба да се направат и потоа во најблиската полициска станица да се бара потпишување на записник, односно примање на пријава, и фотокопија од записникот или барање за издавање потврда за пријавен настан, за да може да се стигне до некаква заштита, затоа што доколку само се укаже дека членува во Јавна соба, навистина се уште тоа кај нас се смета дека е забава. Ајде да ја направиме „забавата“ поголема, односно пријавувајте ги со имиња и презимиња и со телефонски броеви – додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.