Иако се наоѓа 8 километри од село Рашче, каде се наоѓа изворот на водата за пиење од каде се снабдува цело Скопје, жителите од село Буковиќ – општина Сарај, немаат вода за пиење на овие високи температури, пренесува ТВ21.

Веќе неколку години село Буковиќ, општина Сарај, се соочува со недостиг на вода. Како што кажуваат, тие вода полнат од извор кој се наоѓа надвор од селото, оддалечен повеќе од 1 километар.

Моментално нема вода. Не станува збор за 10 куќи, туку селото има 600 куќи. Ние носиме вода со колички. Одиме најмалку еден километар за да полниме вода. Дали се живее така? Водата доаѓа од Рашче. Зелениково има вода и ги наводунуваат парковите а ние 600 домаќинства немаме вода за пиење, вели жител на Буковиќ.

Целата сторија на ТВ21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.