Редуцираните линии во јавниот превоз во Скопје предизвикуваат хаос во автобусите. Иако според протоколите, во еден автобус може да се возат само 50 отсто патници од вкупниот капацитет на автобусот, реалноста е далеку од ова.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од преполн автобус од линијата 57, а вратите не можат ниту да се затворат.

57 е една од линиите кои според новиот возен ред на ЈСП Скопје има зголемен број на автобуси, но очигледно е дека не се доволни. Хаосот во јавниот превоз, кој постоеше и пред пандемијата, особено е изразен сега, во најкритичните моменти.

Јавноста е бесна:

Во меѓувреме, на синоќешната седница на Владата донесена е одлука Град Скопје да добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со коронавирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.