Шилегов казнил таксисти со по 500 евра и со јавно објавување на личните податоци. Име, презиме, матичен број и адреса на живеење завршија на Фејсбук ѕидот на Петре Шилегов.

Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има!!!, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов споделувајќи фотографии од изречените казни.

Нема да ја коментираме висината на казната ниту исправноста на постапката, туку ќе го потсетиме адвокатот Шилегов, кому треба да му е добро познато дека објавување на лични податоци е казниво дело, дека ова не му е првпат да објави јавно податоци кои не се објавување. Адвокатот сигурно ќе се сети дека за јавно објавување лични податоци се плаќа висока глоба, но е предвидена и затворска казна. Па тој, како сака.

Ги повикуваме Обвинителството и Дирекцијата за заштита на личните податоци да постапат соодветно во рамките на своите овластувања и да го санкционираат Шилегов, а воедно да ги заштитат оштетените таксисти, кои исто така, можат да поднесат кривична пријава против градоначалникот до надлежниот суд. Доколку институциите постапат, објавувањето лични податоци му обезбедува бесплатно возење на Шилегов до КПД „Идризово“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.