Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 570 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здраввство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, не се примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 225 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На Клиниката за детски болести има 6 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Вкупно 570 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 160 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, додаваат од МЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.