Скопјанец уценувал девојка и ѝ барал 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина.

Дваесет и осумгодишникот, во период од 21 до 31 јануари ѝ ги барал парите на девојката преку мобилната апликација Вибер.

На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со девојката во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.​​ Тој се гони за кривично дело -уцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.