Македонскиот шампион Вардар заедно со Веспрем, ПСЖ и Барселона ќе бидат носители на претстојната ждрепка за групната фаза во ракометната Лига на шампиони.

Ждрепката ќе се одржи на 1 јули во Виена, а „црвено-црните“ ќе се најдат во првиот шешир.

Двата најдобри тима од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето, додека екипите со пласман од трето до шесто место ќе разигруваат меѓу себе за преостанатите четири места за 1/4-финалето.

Новата кампања ќе се игра во нов формат со по две групи од по осум тимови, а две екипи од иста земја не можат да се најдат во иста група.

Шешир 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ.

Шешир 2: Кил, Киелце, Алборг, Порто.

Шешир 3: Мешков Брест, Мотор, Нант, Пик Сегед.

Шешир 4: Целје, Загреб, Елверум, Фленсбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.