Пикерот на Конго, Готие Мвумби кој поради својот гарабит веднаш го привлече вниманието на спортската јавност која го следи Светското првенство кое е во тек во Египет.

Мвумби изгледа застрашувачи со својата фигура на линијата од шест метри, но импресионира со подвижноста и ефикасноста.

Со пет постигнати погодоци тој беше најдобар стрелец на Конго при денешниот пораз од Бахреин, а по мечот ја доби и МВП-наградата за најдобар поединец на оваа средба, иако неговата селекција претрпе убедлив пораз.

Мвумви постигна 13 гола на првите три средби од овој шампионат, од вкупно 14 шутеви кон противничките голмани, па нема да биде изненадување доколку веднаш по мундијалот пивотот на Конго добие понуда од посериозна екипа за продолжување на кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.