Опозицијата да не се надева дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ќе загубат на следните парламентарни извори само затоа што вчера Алексис Ципрас и СИРИЗА ја загубија власта од Нова демократија и Киријакос Мицотакис во Грција, ѝ порача сменетиот генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски на опозицијата.

Да ликуваш дека оној кој ни го признал македонскиот идентитет, јазикот, културата, токму затоа ги изгубил изборите во Р. Грција, во најмала рака, е политички некултурно.

 

А да се надеваш, пак, дека тој кој ги отворил европските перспективи на нашата Македонија, сочувувајќи го нашето највредно, есенцијата на националниот идентитет (поради што неговиот колега, нели, ги загубил парламентарните избори во својата земја) ќе ги загуби следните избори е целосно контрадикторно и политички неуко.

 

…Спротивставеноста на страните при решавањето на спорот, резултира со обратна пропорционалност при исходот…, пишува Кирацовски на „Фејсбук“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.