Деталниот урбанискитчки план за просторот кај езерото Треска е веќе донесен и тоа што моментално се случува таму веројатно е негова имплементација, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Кога беа почнати разговорите додадовме како вредност Треска на извесен начин да стане државен проект, што значи дека ниту е моето право, како градоначалник на Скопје, ниту е на господинот Беџети да управува сам со тој систем, туку е државен интерес и она што се случува сега е реализацијата на Деталниот урбанистички план и мислам дека таму се на крај и разговорите со инвеститорите“, рече Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.