Собранието на Република  Македонија попладнево го започна продолжението на 38. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за попис, со којшто се предвидува одложување на пописот за септември, и измени и дополнувања на Изборниот заоник. На барање на координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи, која се противи на одложувањето на пописот, седницата е прекината и ќе продолжи во 16:30 часот.

Реџепи бараше промени во редоследот за обраќање на пратениците и тврдеше дека тие доставиле листа со пратеници до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието кажа во кои случаи се составува листа на пратеници кои ќе зборуваат, и рече дека кога почнало продолжението не сите пратеници на оваа пратеничка група биле во салата да се пријават за збор.

Образложението зошто не биле пратениците во салата на Реџепи беше дека некои пратеници не можеле да најдат место за паркирање, а потоа морале и да се потпишат дека дошле во Собранието.

Претседателот на Собранието рече дека седницата била закажана за 15:00 часот и оти не е негов проблем што некој доаѓа во 15:15 часот и доцни на работа и притоа не наоѓа паркинг. Дека ќе има седница, потенцираше тој, се знаеше уште од вчера

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.