Утрово околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се превртел автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“, Битола. Повредени се пет лица, сите полесно. Тие се амбулантски третирани и не се хоспитализирани.

Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се надовор од животна опасност, изјави Сања Стаматова, портпаролна СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека пет повредени лица се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.