За проблематичниот однос на Меган Маркл со татко и Томас, нашироко се пишувало и зборувало, а тој на нејзината венчавка во мај минатата година не се појави поради операција на срцето. Од тогаш се немаат слушнато.

Томас Маркл сега изненади многумина, огласувајќи се по повод раѓањето на внукот, кој на свет дојде денеска во Лондон во 5.25 часот по британско време.

Одушевен сум што мајката и бебето се добро. Горд сум што овој мој внук е роден во кралско семејство и сигурен сум дека достоинствено ќе ја носи круната еден ден и ќе му служи на британскиот народ- рекол таткото на Меган Маркл, пренесува Сан, но овде не запрел.

Бог нека го благослови детето, му поскаувам среќа и здравје, а им честитам на мојата Меган и принцот Хари, да живее кралицата – додал Томас, што предизвика полемика ширум светот, со оглед на нивниот лош однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.