Пртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Владата Зоран Заев пред еден месец, пред граѓаните вети дека неговите партиски послушници во парламентот ќе го одблокираат Законот за изградбата на новиот Клинички центар, велат од СДСМ.

Очекувано, Мицкоски повторно излажа! Очигледно на Мицкоски целта му била на подмолен начин да дојде до документите кои му беа доставени и истите да ги злоупотребува и да манипулира со податоци. Се што вети на таа средба Мицкоски не оствари, па и понатаму неговата партија во Парламентот блокира 27 Закони кои се од голема важност за граѓаните. Како и Законот за изградба на нов Клинички центар, се вели во партиското соопштение.

Малку факти околу изградбата на новиот Клинички центар и манипулациите и лагите на Мицкоски, велат од СДСМ додавајќи:

За Мицкоски тоа што Физибилити студијата е „Непостоечки проект“ всушност е направена заедно со помош на австриската влада предводена од Канцеларот Курц. Физибилити студијата е договорена на ниво на Влади на Република Cеверна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава. Таа Физибилити студија е одобрена од Националната Агенција на Австрија – АХЦ (Austrian Health Care Systems & Engineering GmbH).

Клиничкиот центар што требаше да го направи ВМРО ДПМНЕ беа обични интерни клиники и требаше граѓаните да ги чини 120 милиони евра.

Министерството за здравство и Владата на СДСМ во ковид пандемија, ги реновираше сите Интерни клиники за не повеќе од 1 милион евра. Математички прецизниот Христијан Мицкоски нека каже колкава разлика е тоа?

ВМРО ДПМНЕ договор за изградба на нов Клинички потпиша со компанија која по неколку месеци, отиде во стечај! Каков ли математички прецизен договор направила претходната влада за таканаречениот нов Клинички центар?

Оваа Влада, додаваат од СДСМ, ќе изгради нов Клинички центар современ и модерен проект како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да овозможи интегриран модел на здравствена услуга.

Најреномирани европски комапнии германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии, непостоечки проекти, да лаже и да маипулира.

Законот за изградба на новиот Клиники, предвидува независен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи девете компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води целиот проект, но немаат доблест да гласаат за законот, очигледно спасот на лидерот Мицкоски им е поважен од задравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.