Самохрана мајка на двајца студенти оставена e без работа. Градските власти во Бeрово не и го продолжија договорот за работа наставник по англиски во основното училиште Дедо Иљо учителот. Речиси девет години оваа жена се бори да добие решение за вработување.

Двете дипломи на Павлина Мановска една од економскиот, друга од филолошкиот факултет за тамошните власти не се доволни, за да и го трансформираат договорот од определено, на непределено. Павлина реши јавно да проговори за она што се случува во образованието, во сторијата на Алфа телевизија.

Буквално сите наставници што се вработени во училиштето се после мене примени, освен една наставничка. Јас секогаш сум работела на испразнето место, никогаш не сум била на замена на некој, за да рече дека не сум во можност да барам трансформација или не ги исполнувам законските услови – објаснува Мановска.

Мановска коментира дека образованието е местото каде се прават најголемите партиски игри. Не е член на СДСМ, но за да го задржи работното место била принудена да одработува за партијата.

Едвај чекав да дојде промена на власта за да го решам мојот статус бидејки сум самохрана мајка. Затоа не ми е јасно,пракам порака до властите да видат какви луге поставиле по локалните самоуправи и по нивните општински организации, буквално да изиграваат локални шерифи по општините и да си играт со судбината на луѓето – вели Мановска.

Се обратила до народниот правобранител, ресорното министерство, побарала помош дури и од адвокат кој и сугерирал дека ваквите случаи можат да имат правна разврска секаде, но не и кај нас. Мановска прашува зошто законот нема ист аршин.

Неговиот одговор беше требало јас да почекам,требало да се испитуваат објективни околности. Епа како тој градоначалник испитува објективни околности само за мене, а не ги испитува за неговата сопруга што ја трансформираше еден месец враќање во Дедо Иљо Малешевски, беше на работа во Струмица и и даде трансформација. Истовремено изврши трансформација на уште две други наставнички кои имат и помалку работен стаж од мене – вели Мановска.

Алфа побара одговор и од градоначалникот на Берово Ѕвонко Пекевски. Според него трансферот на наставничката од Пехчево во Берово и трансформацијата на работниот однос на жена му се согласно законот.

Вината ја гледа кај Мановска, вели дека избрзала. На прашањето дали општината ќе помогне на оваа самохрана мајка, тој рекол:

Доколку има можност, но не сакам сега да разговараме, туку кога ќе се создадат услови, да разговараме на ангажман повторно на определено работно време. Во овој момент се уште не се остварливи – вели Пекевски.

Мановска е единствена со завршен англиски јазик што се наоѓа на листата на невработени на АВРМ во Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.