Обвинителката Вилма Русковка, која го раководи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска во изјава за „Слободен печат“ истакна дека доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтвер, поврзан со Драги Рашковски, Обвинителството за кое таа е задолжена веројатно ќе отвори предмет.

-Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција се органите што треба да откриваат сторители, тие се органи на прогон и ако решат да не постапуваат тоа ќе го сториме ние, додава Русковска, не сакајќи да ги коментира обвинувањата на опозиционерите за наводна блискост со поранешниот генерален секретар на Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.