Јавната обвинителка Вилма Рускоска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пред гласањето порача дека ако ги изгуби овие избори, ќе го признае поразот. Таа, сепак, очекува да победи со пораката дека „правдата мора да победи“.

Од ниту еден колега немам информација дека има притисоци. Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер, кажа Рускоска пред гласањето.

Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Рускоска одговори: „Јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.

Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала.

Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост, додаде Русковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.