Роберт де Ниро, за спогодбата за разводот со Грејс Хајтауер, се чини, нема да мора да ѝ даде 500 милиони долари од својот имот на својата поранешна сопруга. Како што објавија повеќе магазини, Судот го одбил нејзиното барање.

Според наводите на медиумите, Де Ниро ќе мора на неговата поранешна сопруга да ѝ исплатува најмалку милион долари годишно како алиментација сè додека таа не се премажи или додека, таа или 71-годишниот глумец, не почине. Де Ниро, исто така, ќе мора да ѝ обезбеди и шест милиони долари за нов дом…

Двојката беше в брак 24 години пред почетокот на нивниот бурен развод во 2018 година. Според неименувани блиски извори, Хајтауер имала удел во раководењето на неговиот имот и финансии, што ѝ дава можности да му поставува „невозможни услови“.

Де Ниро и Хајтауер имаат две деца, ќерка им Хелен Грејс и синот Елиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.